Лидерот на табелата во Втората македонска фудбалска лига ФK Охрид 04` ита кон зацртаната цел, влезот во првата лига. “Рибарите“ немаа милост во дерби пресметката покажувајќи зошто се’ на врвот во второлигашката конкуренција.


Познавајќи ги приликите во втората македонска фудбалска лига, Охрид има најквалитетна екипа и игра најдобар фудбал. Самите бевте сведоци дека во сите елементи на фудбалската игра го надигравме Тиквеш – вели популарниот “Џајо“.

Во втората лига следува пауза од три недела поради настап на аматерската репрезентација на Македонија. Паузата добро ќе ни дојде да ги средиме впечатоците, пот паузата гостуваме кај Влазними додека во седмото коло на домашен терен го пречекуваме 11 Октомври што воедно може да значи и печат на сезоната – потенцира Ѓорески.


Претендентот за висок пласман Тиквеш се лизна на првиот посериозен тест откако го положи оружјето на “Билјанини Извори“.  – Му честитам на фудбалерите на Фк Охрид за победата но ние не застануваме тука и одиме понатаму. Фудбалот не завршува по еден натпревар, ништо не е загубено а шансите за првите две места кои водат во првата лига ни се подалечни но сепак пласман ќе бараме преку баражот. Сега не очекува тешко гостување во Прилеп против 11 Октомври – смета Димитриоски.

Третопласираната екипа во втората лига во текот на натпреварот со Фк Охрид не покажа ништо од своите можности.  Што се однесува до натпреварот одигравме анемична и слаба игра, наидовме на екипа која “гореше“ за триумф што на крајот се покажа како пресудно – заврши тренерот на Тиквеш, Димитриоски.

Мх.П