Лидерот во второлигашката конкуренција Охрид 2004 на домашен терен ја започнува трката за влез во елтиното друштво. Првиот противник на “белите“ во Охрид ќе биде тимот на Локомотива, кој беше еден од двата тима кој ги порази во есенскиот дел.
Сега работите драстично се изменети, Охрид е лидер, а Локомотива се наоѓа при дното на табелата. Избраниците на Ѓорески како апсолутни фаворите влегуваат во мечот.
– Со целосен респект кон тимот на Локомотива, очекувам бодовите да останат во Охрид. Гостинскиот тим според нашите сознанија е составен од квалитетни фудбалери кои се дел од скопските прволигаши Работнички, Металуrг . Тежината на лидерската позиција ке ја осетиме уште на самиот старт, секој почеток е тежок и не очекува тежок натпревар , но предноста е наша страна и ние во мечот ќе влеземе силно мотивирани за да го добиеме – вели Зоран Ѓорески стратегот на “рибарите“
Натпреварот кој започнува во 14 часот ќе го води битолчанецот Петар Вељанов.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com