Нова епизода од серијалот охридско – струшки пресметки викендов на “Билјанини Извори“.  Охриѓани како фаворити, оптимистички настроени влегуваат во езерското дерби по кое очекуваат да ја продолжат позитивната серија.


Ништо не не` интересира освен победа. Очекуваме по тој триумф да го продолжиме патот кон врвот. Ние од самиот старт ќе ги нападнеме нашите противници со желба рано да го отвориме натпреварот со погодок – вели стратегот на “белите“ Ѓорески

Кај “рибарите“ неизвесни за мечот со Влазними се Џалески кој се жали на повреда, и Митрески кој има три жолти картони па има право да бира на кој натпревар ќе паузира. За место во тимот се очекува да се бори Китрозоски, кој ја одлежа суспензијата.

И покрај тоа што ФФМ го прогласи натпреварот за меч од висок ризик, охриѓани очекуваат да ги зачуваат добрите соседски односи и да победи спортот.– Посакуваме да победи спортот, ние сме градски екипи и наша цел е да живееме со нашите соседи – истакна стратегот на “рибарите“ Зоран Ѓорески – Џајо.


Двајца минатогодишни играчи на Охрид, Танкоски и Атај на “Билјанини Извори“ ќе играат во дресот на Влазними. Стружани по пет одиграни кола со шест освоени бода се наоѓаат на осмата позиција на табелата. Во досегашниот дел од првенството претрпеа еден пораз и тоа минатото коло од Влзерими во Кичево со 1-0.

Минатата сезона охриѓани претпреа два порази во меѓусебните пресметки со Влазними.

М.П.