–    Мечот против Ринија ќе биде вистински тест за нашите можности – вели стратегот на охридските “рибари“ Зоран Ѓорески, во пресрет на гостувањето кај Ринија во второто коло од пролтениот дел од шампионатот.


Охриѓани стартуваа со победа над Локомотива со 4-1 и по 14 кола имаа три бода предност. Во Гостивар патуваат како лидери на табелата го имаат најдобриот стрелец во лигата, а и втората најдобра одбрана во лигата.

–    Очекувам интересен и возбудлив натпревар, екипата на Ринија ја предводи одличен стратег и имаат искусна екипа која во целост ги исполнува неговите замисли на теренот. Нашиот адут е младост и желбата да се надигруваме. Посакуваме нашето гостување во Гостивар да биде празник на фудбал и во фудбалски ембиент да победи подобрата екипа  – вели Ѓорески.

Ѓорески нема проблеми во составувањето на тимот кој ќе и се спортистави на Ринија. И покрај очекувањата и желбите на охриѓани, се уште не се договорија условите за напаѓачот Гоце Толески кој останува надвор од тимот.



На гостувањата во првиот дел “рибарите“ од седумте меча се вратија со 11 од можни 21 бод. Три пати се триумфираа, два пати ремизираа и претпреа два порази.

Судија на мечот ќе биде велешанецот Зоран Петковски кој во досегашниот дел од шампионатот не ја делел фудбалската правда на меч на кој играле Охрид или Ринија.

М.П.