Охрид е апсолутен фаворит против скопска Цементарница на мечот од 10 коло од Втората МФЛ, кој ќе се одигра на “Билјанини Извори “ во Охрид.

Охриѓани во досега одиграните четири кола на домашен терен забележаа четири победи,а единствено Влазерими успеа да ја затресе мрежата на “рибарите“. Цементарница во Охрид доаѓа со за нејзниото реноме скромни шест бода, а во досегашните пет гостување претрпе исто толку порази, постигнувајќи само три гола.

Мора да се носиме со фаворитската улога, притисокот ќе биде наша страна, а очекувам да ја продолжиме победничката низа на домашен терен. За нашата млада екипа овие натпревари се посебно тешки од психолошки аспект. Нашата трка кон врвот продолжува и секој резултат освен победа на овај меч би било разочарувачко за нас. Нема да го потцениме противникот , ќе нападнме од стартот во мечот на кој нас не интересираат само бодовите – вели стратегот на “белите“ Зоран Ѓорески.

За мечот со последнопласиранта Цементарница, стратегот Ѓорески нема да може да смета на офанзивниот Саше Ѓорески кој ќе паузира поради три жолти картони,  додека во тимот по одлежаната суспензија ќе се врати напаѓачот Клечкароски.

М.П.