Фенреџијата во втората фудбалска лига, екипата на Илинден, го назначи Зоран Ѓорески за нов шеф на стручниот штаб. За популарниот Џајо ова е прво тренерско искуство, а пред себе ќе има тешка задача. Очекувањата се тој со неговото богато фудбалско искуство да помогне Илинденци да изборат опстанок во вторлигшкото дрштво. По одиграните 18 кола Илинден е закован на последното место со освоени 9 бода (6 бода им беа одземени). Сезоната тимот од Велмеј одлично ја започна, но следеше натпреварот со Турново, на кој домаќините го нападнаа главниот судија Стојанов, по што беа драстично канети од ФФМ .
Подготвките за продолжението на првенството ги спроведуваат во Охрид, а контролни средби играа со Напредок, Шкендија и српскиот вторлигаш Слога од Краљево .
„Нашата цел е јасна ,со сите сили ќе го бркаме опстанкот,задоволен сум од играчкиот фонд, а оечекуваме и ФФМ да ја намали нашата казна“, – вели Ѓорески .
Во зимскиот преоден рок екипата ја напуштија повеќемина фудбалери кои во есенскиот дел од шампионатот беа стандардни првотимци. Угреновиќ замина во Напредок, Пандев во Маџари ,а Јакимоски, Делиоски и Ристески во Аполонија – Албанија .
„Со домашни сили ќе се обидеме да стигнеме до опстанокот и ќе се потпреме на играчи од Охрид.За подигнување на квалитетот во преодниот рок доведени се Новаков од Влазрими, Јоноски од Напредок и Сетинов од Маџари“, вели Ѓорески .
Продолжението на првенството е закажано за 3 март кога екипата на Илинден гостува во Скопје на Слога Југомагнат .На првиот натпревар помеѓу овие екипи поуспешен беше Илинден минимално со 1-0 благодарение на голот на Матески. Триумфот над Слога беше последниот натпревар на кој се радуваа Илинденци.
Мирко Постолоски