Во само две недели, Кирил Џајковски успеа да ги потврди своите квалитети на двата најголеми настани во Македонија оваа година – Хајнекен Грин Бич Фестивал и Д Фестивал. Вчера, плажата Парк во Охрид, каде веќе 6-то лето се одржува водечкиот електро денс настан во во нашата земја, се наполни до врв! Според процените, на вториот ден од Хајнекен Грин Бич Фестивал присуствуваа над 10.000 луѓе, меѓу кои беше забележителен бројот на туристи од целиот свет.
Неуморниот Кирил Џајковски, прекрасната ТК Вондер и Австралијанецот ЕмСи Васп го задржаа интензитетот од првата фестивалска ноќ и воодушевија на само ним својствен начин. Од друга страна, посетителите на Хајнекен Грин Бич Фестивал максимално ја искористија можноста и го исцрпија целиот потенцијал на спектаклот.
Среќните лица на тие што присуствуваа, неизмерната позитивна енергија и бескрајното танцување во двата фестивалски дена, се вистинската вредност на 6-от Хајнекен Грин Бич Фестивал, велат организаторите на настанот Пасворд Продакшн и Октопуси Ентертејмент.
OhridNews