Во филмскиот свет одекнала веста дека се снима римејк на легендарниот филм „Некои тоа го сакаат жешко“. Меѓу главните актери ќе се најдат холивудските заводници Џад Лоу и Роберт Дауни Џуниор. Легендарниот филм од 1959 година своевремено собрал сјајна актерска екипа. Главните улоги ги играле Мерлин Монро, Тони Куртис и Џек Лемон.
Се зборува дека во главните улоги во римејкот сигурно ќе се најдат споменатите актери, кои веќе соработувале заедно снимајќи филмови за Шерлок Холмс. Сеуште не е познато кој ќе ја игра улогата на Мерлин Монро. Таа улога ја прославила, а самиот филм станал класика. Кога се појавил, филмот заработил шест номинации за Оскар, но освоил само еден за најдобри костими.