Во 2007 година општина Охрид започна со пробно поставување на светилки на соларна енергија на градскиот кеј. Во годините потоа беа поставени повеќе вакви светилки. Но наместо заштеда и искористеност на сончевата енергија, тие денес се грда слика во центарот на Охрид. На дел од нив се искршени светилките, други се преполни со вода, а има и такви кои се изместени од позиција.


Охрид со над 200 сончеви денови во годината има идеални услови за искористување на соларната енергија. Технологијата која се користи за соларните светилки  е поскапа од регуларните светилки, но на подолг период многукратно поисплатлива. 

OhridNews