Охридските екипи на завршниот турнир во Детската фудбалска лига, кој се одигра во Скопје освоија три сребрени медали.
Две од нив освои екипата на Фер Плеј. „Виолетовите“ во финалните натпревари претрпе порази од ЛГ Битола 3-2 во 2003 генерација и од Вардар 5-2 во 2005 година.
Третиот медал го донесе Еврофудбал откако во финалето во 2001 година претрпе пораз од Вардар 1-0.
Резултати :
1999г : Работнички – Академија Пандев Струмица 2-0
2000г : Вардар – Металург 6-1
2001г : Еврофудбал – Вардар 0-1
2002г : Металург – Академија Пандев Струмица 2-0
2003г : ЛГ Битола – Фер Плеј 3-2
2004г : Брегалница – Постолов 6-7
2005г : Фер Плеј – Вардар 2-5
Мх.П.