Вкупно 75 проценти од жените, чија пот под пазувите нема непријатен мирис, сепак ставаат дезодоранс, покажале резултатите на едно британско истражување. Група британски научници од Универзитетот во Бристол покажале дека два проценти од британките имаат редок ген кој им овозможува да немаат напријатен мирис под пазувите. Научниците забележале дека 25 проценти од тие жени не ставаат дезодоранс, што покажува дека дел од нив помалку или повеќе се свесни дека немаат потреба за дезодоранс.
Меѓутоа, три четвртини од тие жени, ставаат производ кој не им е потребен, пренеле француските медиуми. Научниците затоа сметаат дека би можело да се користи генетичко дијагностицирање да би се избегнало непотребното купување и излагање на хемиски производи на лицата кои немаат непријатен мирис под пазувите.