Оние кои имаат мачка веројатно го имаат забележано величествениот мирис на нејзината глава кој многумина просто го обожаваат. Токму поради тоа јапонската компанија “Felissimo” реши да направи неверојатен изум, дезодоранс кој мириса на мачка. Биле потребни четири месеци и многу мирисање на господинот Јамомото, сопственик на оваа парфимерија, за да направи идентичен мирис.
Дезодорансот чини околу десет долари, а освен него може да се купи и крем за раце со идентичен мирис. Се разбира, не мирисаат сите мачки баш така сјајно, но овој мирис е направен по примерот на оние кои мирисаат неодоливо. Некои купувачи кои имаа можност да го испробаат овој дезодоранс го опишале како „прекрасен мирис на сонце и сладок мирис на штотуку испечен леб“.