Со дезинфекција на соблекувалните и опремата на стадионот во Радолишта, Фудбалскиот клуб Струга Трим Лум го најави рестартот на тренинзите. Стружани, како и сите екипи во Македонија паузираа поради пандемијата на коронавирусот и прекинот на фудбалските натпревари.

Избраниците на Срѓан Захариевски деновиве ќе започнат со тренинзи и ќе имаат задача добро се подготват за продолжението од сезоната. Притисокот за опстанок е симнат од плеќите на „црвено белите“ после одлуката да се игра плеј оф и плеј аут без испаѓање, но императивот е пласман во финалето во Купот на Македонија.

ФФМ објави дека помеѓу 14 и 21 јуни ќе продолжат натпреварите. Што значи дека стружани имаат доволно време за солидни мини подготовки.

OhridNews