Дежурните лекари до крајот на оваа година ќе можат да препишуваат лекови на рецепт. Оваа одлука ја донесе  Фондот за здравствено осигурување, откако согледал дека ваквиот начин на издавање на рецепти е успешен и корисен за пациентите. Оваа новина беше воведена во почетокот на годинава, по барање на пациентите, кои се жалеа дека  доколку не го најдат матичниот лекар на работа, мораат да го плаќаат лекот приватно.

На листата на лековите кои лекарите од дежурните служби може да ги пропишат на товар на Фондот се: амоксицилин, цефалексин, дијазепам, ранитидин, метоклопрамид, нифуроксазид, фуроземиде, салбутанол, нифедипин, глицерил тринитреит, парацетамол, цитиризин, како и карбомедициналис во соодветни фармацевтски дозажни форми според режимот на препишување.

OhridNews