Дежурни служби ќе се грижат за јавната хигиена во туристичките населби во претстојната сезона, најави јавното комунално претпријатие.
Дежурни екипи се воведуваат и во централното градско подрачје во периодот од 11.00-24.00ч., во Стар Град од 10.00-16.00ч., а посебен акцент ќе се стави во деловите од градот со викенд станови, каде и бројот на жители се удвојува во летниот период, велат од „Комуналец“.
Во пресрет на главната туристичка сезона низ охридските улици поставени се нови педесетина контејнери, а канделабрите се разубавени со жардињери со цевеќе.
фото ЈП „Охридски Комуналец“