Од министерство за здравство информираат дека за деновите од велигденските празници ќе има дежурни лекари во сите општини.

Здравствен Дом Охрид за деновите на празникот и продолжениот викенд, својата работа ја организира преку Службата за итна медицинска помош и домашно лекување за што има обезбедено медицински екипи 24 часа дневно. Службата за итна стоматолошка помош работи секој ден од 20 часот до 7 часот наредниот ден.

Здравствениот дом Струга обезбедува 24 часовна континуирана здравствена заштита за овој регион преку Службата за Итна медицинска помош при ЈЗУ Здравствен дом-Струга.

OhridNews