Девојките од Беверли Хилс откриле нов начин за слабеење, шиење на јазикот. Попрецизно кажано, пришивање на тенко парче груба пластика со големина на поштенска марка на јазикот. Пластичниот фластер јадењето крута храна го прави толку болно, што лицата кои ги користат се присилени да јадат само течна храна, како што се супи и каши. Така за еден месец можат да се изгубат повеќе од 13 килограми.
Пластиката на јазикот се пришива со шест конци, а целата процедура ја осмисли Доктор Николас Чугај. Една клиника во Калифорнија е единствената која ја нуди оваа услуга. Неколку дена по зафатот, пациентите отежнато зборуваат и јазикот им е отечен. Пластичниот додаток мора по еден месец да се отстрани, бидејќи во спротивно јазикот почнува да расте околу него и да зарастува во додатокот.