Дејан Јакимоски е главен судија на мечот од Втората МФЛ помеѓу екипите на Нов Милениум и Охрид.

Дејан, кој е син на познатиот интернационален судија Делчо Јакимовски, во минатата сезона го водеше натпреварот помеѓу овие две екипи во Охрид.

Јакимоски не се прослави на мечот кој Охрид го загуби со 1-3, притоа покажа два црвени картони за домаќините. Ристе Маркоски и Целе Иваноски беа исклучени на мечот од последното коло во првиот дел на есенската полусезона.

На Јакимоски, интересно ќе му помагаат две асистентки. Ивана Пројкоска од Прилеп и Весна Спироска од Скопје.

Натпреварот Нов Миленим – Охрид се игра в недела со почеток во 15.30 м, на неутрален терен во Струмица.

М.П.