Како и секоја година, и овој први ноември на поранешниот индустриски магнат Хенрик Вангер за роденден му пристигна необичен подарок- уште еден потсетник на таинствената случка од минатото, што представува неподносливо бреме за старецот. Затоа сака да се обиде уште еднаш, пред смртта, да ја разреши мистеријата што го измачува со децении…..
Микаел Блумквист е еден од водечките шведски економски новинари и косопственик на магазинот Милениум. Познат е како бескомпромисен борец за расветлување на економските малверзации со беспрекорна кариера и извонредна репутација. Кога ќе го осудат за клевета на еден бизнисмен, ќе се најде на животна и деловна пресвртница. Токму тогаш ја добива нечекуваната понуда од Вангер…..бледа и со анорексичен изглед, истетовирана со пирс на носот и веѓата- Лизбет Саландер е најдобриот истражувач во една стокхолмска фирма за обезбедување. Патиштата на познатиот новинар и на оваа мистериозна девојка се вкрстуваат и не само што ќе се соочат со мистеријата од минатото туку и со наомалиите на современиот општествен поредок.
Што ќе се случува понатака во овој навистина интересен роман ќе дознаете доколку истиот го изнајмите од НУ библиотека “Григор Прличев“- Охрид.
Рубриката „Книга“ е уредена во соработка со Градската библиотека „Григор Прличев“