За да ја напише оваа приказна, Кејт Фернивал била инспирирана од вистинската приказна на мајка и. Романот содржи измислени ликови и настани но ја искористува неверојатната вистинска ситуација во која се нашла мајка и кога била дете- приказна за две бегалки, од времето на царска Русија, мајка и ќерка, заглавени без пари и без документи во Меѓународната населба во Кина. Преживувањето на двата главни лика, Валентина и Лидија, во туѓа земја е тешка задача. Валентина се предава на живот исполнет со тајни и тага, а Лидија е присилена да краде за да го платат изнајмениот стан и да си обезбедат храна. На кој начин кражбата на џебниот часовник на еден англиски господин, засекогаш ќе им ги смени животите ќе дознаете доколку ја прочитате оваа книга.
Романот е епска приказна за загубата и љубовта, за тајните и за лагите, за опасностите и предавствата.
Рубриката „Книга“ е уредена во соработка со Градската библиотека „Григор Прличев“