„Уште еден ден на плажа“, напишала Ирина Шајк, девојката на Кристијано Роналдо, под фотографијата на која ужива на мексиканскиот песок. Нејзиниото извајано тело, со изразито згодниот задник во преден план, навело голем број обожаватели да ја коментираат фотографијата на друштвената мрежа Инстаграм.

„Мексико, како е само топло и забавно“, прокоментирала манекенката под една од фотографиите. И веруваме на зборот. Ирина, инаку, на одмор отишла со своите пријателки, а изгледа најмногу сака да се сонча на стомакот, дали поради егзибиционизам или затоа што најмногу и одговара, не знаеме.