Американската модна дизајнерка и девојка на Мик Џегер, Л’Врен Скот, пронајдена е мртва во својот стан во Њујорк, изјавил портпаролот на пејачот на групата Ролингстоунс. Тој навел дека Мик бил „потполно шокиран и скршен“ од веста за смртта на неговата 49-годишна партнерка. Рокерот моментално се наоѓа во Перт, Австралија, во рамките на светската турнеја на бендот.
Според американските медиуми, Скот се обеслила, а телото рано утрово го пронашла нејзината асистентка. Сам час пред смртта таа се огласила на Твитер, не навестувајќи ништо за својата намера. Славната дизајнерка била посебно омилена во Холивуд. Креирала за многу актерки, како Никол Кидман и Пенелопе Круз, а Анџелина Џоли имала намера да ги го довери дизајнирањето на фустанот за нејзината венчавка со Бред Пит.