Американската актерка и поранешен борач очигледно добро знаела да ја искористи славата која и ја донела врската со најпосакуваниот холивудски ерген. Имено, веќе е познато дека славните личности ги наплаќаат своите појавувања на некои настани, како доделувања на награди или отворања на клубови. За такви појавувања пред врската со Клуни Стејси Кеблер заработувала по 10 илјади долари, а сега нејзината цена изнесувала 25 илјади долари.
Освен тоа што го освоила популарниот актер, таа уште и заработувала на тоа. Според пишувањата на американските медиуми, убавата актерка на ваквите настани ќе се појавува и со нов накит. Имено, актерот за овој Божик одлучил да ја изненади својата сакана, па и купил 15 илјади долари вредна нараквица, украсена со дијаманти, како и некои други модни додатоци. За подароци дарежливиот Клуни потрошил околу 100 илјади долари.