Американската актерка и пејачка Селена Гомез била сместена во болница во Лос Анџелес поради главоболки и мачнини. Нејзината претставничка за медиумите рекла дека Селена не се чувствувала добро и дека била однесена во болница поради рутински тестови. Таа не навела детали за нејзината моментална состојба.


Селена Гомез има 18 години и е девојка на канадскиот поп пејач Џастин Бибер. Била хоспитализирана по гостувањето во емисијата „Вечерното шоу со Џеј Лено“, во кое го промовирала својот најнов филм „Монте Карло“.