На уличните работници во новозеландскиот град Керикери им се исполнала желбата откако свиркале по згодна девојка која поминувала. На девојката тоа и здодеало, па одлучила да ги почасти со стриптиз.

Туристка од Израел тргнала накај банкомат кога ја изненадиле свирежите од работниците. Таа на тоа само ладнокрвно се соблекла. Откако ги подигнала парите, се облекла и мирно си отишла. На полицијата и одговорила дека не и се допаднало тоа што работниците свиреле по неа, па на тој начин им одговорила.


– Рече дека одлучила да им покаже што има кога веќе ја вознемируваат. Напомена дека откако дошла на одмор во Нов Зеланд мажите и досадуваат. Не можам да им замерам бидејќи таа е навистина привлечна девојка, раскажува полицаецот Питер Мастер.

Во полициската станица само ја опоменале и и рекле дека соблекувањето во Нов Зеланд е непристојно.