Изнервираната Раула Раду изгубила контрола откако момче во еден клуб не сакало да ја остави на мира. Откако пет пати ја поканил да играат, девојката од торбата извадила пиштол и почнала да пука. За среќа никој не бил повреден.


Против 24 годишната девојка е поднесено обвинение, а еден од гостите рекол дека момчето било многу досадно.

„Едноставно го извади пиштолот и почна да пука. Не верувам дека некој наскоро ќе ја покани за танц“ – рекол еден од присутните.