Една жена од Канзас на полицијата и рекла дека се сомнева како зад скриените камери кои полицијата ги пронашла во нејзиниот изнајмен стан стои нејзиниот издавач на станот. Оваа 25-годишна девојка вели дека сопственикот на станот, кој воедно е и нејзин шеф, ја шпиунира од минатата година кога во станот ја реновирал бањата, јавуваат медиумите.

Повикала полиција во саботата откако во детекторот за чад пронашла една камера. Тие потоа пронашле уште десет распоредени по целиот стан, а дури четири биле во бањата. Како што се дознава, полицијата сеуште не уапсила никој, а девојката во меѓувреме се иселила од станот.