Фасцинантно спасување извела 22-годишната Рејчел Симонс од Масачусец, САД. За да го спаси таткото, девојката подигнала Џип Либерти тежок дури 2,5 тона, кој паднал на него. Тоа се случило неколку моменти откако Адам Симонс останал приклештен од возилото под кое попуштиле потпорните столбови додека ги поправал кочниците.


Девојката ги слушнала повиците за помош од таткото и веднаш истрчала во дворот од куќата. Таа неможе да објасни како успеала да подигне толкава маса. Откако го ослободила таткото, брзата помош го превезла во болница каде било востановено дека се здобил само со гребнатинки и модринки. Адам бил горд на својата ќерка која сега ја нарекувал суперхерој.