Кели Ишхи (4) од Оринџ Сити во Калифорнија во понеделникот навечер починала од повредите кои ги добила откако влегла во машината за перење, а нејзиниот помлад брат случајно притиснал копчето за вклучување.
Девојчето во машината за перење било 2 минути. Наспроти напорите од лекарите во болницата во која девојчето било хоспитализирано, тоа не успеало да се извлече и подлегнало на повредите кое ги добило од ударите во машината.