Руби Дикинсон е неофицијално најмладиот мајстор за тетовирање на светот, а вештините ги научила од нејзиниот татко, Блејн, кој има студио за тетовирање во Велс. Тој и набавил мал пиштол за цртање кој е дизајниран специјално за мали раце. Вистински алат за тетовирање ќе добие за нејзиниот четврти роденден.


Тетовирањето го учи секој ден по враќањето од градинка, а во салонот на нејзиниот татко има кукла на која вежба најразлични тетоважи. Според зборовите на нејзиниот татко, таа веќе знае да нацрта цел пајак. Блејн воопшто не се сомнева дека кога ќе порасне ќе стане одличен уметник, а тој е пресреќен бидејќи може да и помогне во остварувањето на нејзиниот сон.