Полицијата во Бордо фатила на дело едно 12-годишно девојче, кое со месеци користело украдени чекови и со нив купила слатки во вредност од 2600 евра. Девојчето во март украло чекови од својот сосед и со нив со месеци плаќала слатки во локалните слаткарници, соопштила полицијата.

Нејзината измама била откриена кога една од слаткарниците се обидела да реализира 23 чекови, но тоа било одбиено. Полицијата го исптала девојчето, а потоа го пуштиле, бидејќи нејзините родители ја платиле штетата.