Јелена Момчилов (8), од селото Жељуша кај Димитровград, има чудна моќ. Нејзините дланки како магнети привлекуваат разни предмети. На осумгодишната Јелена и се “лепи“ за рацете се што ќе допре.


Јелена го привлекла вниманитето на многу научници, а ја прегледал познатиот геофизичар и хемичар д-р Павле Премовиќ,од Природно-математичкиот факултет во Ниш.

Премовиќ утврдил дека некоја необјаснива сила го тера висакот да “полуди“ кога ќе се најде над нејзините дланки, додека на другите делови од телото нема никави реакции. Предложил нејзините моќи да ги испитаат и експерти од Америка, но нејзините родители не се сложиле.