Четиригодишната Хајди Ханкинс од Винчестер е една од најпаметните луѓе на светот. Испитувачите на Менса измериле дека малата Хајди има само за еден степен помал коефициент на интелегенција од Алберт Ајнштајн. Таа премногу лесно ги решавала сите задачи кои биле ставени пред неа. Испитувачите не можеле да измислат никаква задача која би и претставувала предизвик. Откако ги решила сите задачи испитувачите останале во шок. Нејзиниот коефициент на интелегенција изнесувал 159.
Хајди, иако сеуште не одела на училиште, знаела да чита, пишува, собира и одзема, а искуства имала и во решавање на комплексни задачи. Просечниот IQ за возрасни изнесува 100, а со 130 веќе се сметаат за натпросечно интелегентни. Нејзиниот татко Метју рекол дека течно зборувала на една година, а со една и пол година самата научила да користи компјутер. Додал дека на 14 месеци веќе цртала животни и принцези, па од самиот почеток знаеле дека е многу надарена.