Ху Пингхуи имала грип додека била бебе. Но откако оздравела не престанала да се смее. Тоа трае веќе полни 12 години и родителите на девојчето станале очајни. Бараат лек за ќерката која не може нормално да функционира. Не научила да зборува бидејќи непрекинато се смее. Родителите се тажни секој пат кога ќе ја видат како се смее.
„Неконтролирано се смее веќе 12 години. Не знаеме веќе што да правиме. Неврологот ни препорача скенирање на мозокот за да се утврди причината“ – рекла мајката.
Нејзиниот татко се задолжил и се обидувал да најде разни методи за лечење, но ништо не успеало. Останува надежта дека неврологот ќе ја открие причината за неконтролираното смеење и ќе ја излечи неговата ќерка.