12-годишната Ребека Ен Седвик од Флорида, САД, си го одзела животот, откако повеќе од една година била предмет на груби навреди на социјалните мрежи јавува Асошиејтед прес, пренесува „Блиц“.
12-годишната Ребека се убила после константно малтретирање на социјалните мрежи
Истрагата утврдила дека Ребека си го одзела животот по константно малтретирање на социјалните мрежи. Според полицијата таа постојано била изложена на сајбер-насилство со пораки како: „Оди уби се“, или „Зошто си уште жива“.
Полицијата идентификувала најмалку 15 девојчиња кои на овој начин ја малтретирале Седвик. Нивните телефони и компјутери се запленети, а родителите соработуваат со полицијата.
Во соопштението на окружниот шериф стои дека Ребека само неколку часа пред смртта му испратила порака на момче од Северна Каролина со содржина: „Ќе скокнам, не можам ова повеќе да го поднесам“.
OhridNews