Додека девојчето со својата симпатија шетало низ шумата почнало невреме и одлучиле да се засолнат под едно дрво. Тогаш удрил гром кој го погодил девојчето, а лекарите велат дека преживеало поради тоа што електрицитетот поминал низ жиците на слушалките од Ајподот и така ги избегнал нејзините внатрешни органи.


Таа има само полесни опекотини по градите и нозете, а момчето ги повредило очите. Лекарите прогнозираат дека двајцата многу брзо ќе се опорават, а девојчето нема да има ниту лузни по телото. Имала среќа што жиците од Ајподот го спровеле електрицитетот до земјата.