За едно германско семејство од Келн Божиќ за малку ќе завршел трагично, кога на планината Венделштајн нивната единаесетгодишна ќерка Елена паднала од видиковец висок 170 метри.

Како што пишуваат локалните медиуми, вистинско чудо е што девојчето преживеало таков пад и притоа поминало без ниту една посериозна повреда.


Несреќата се случила кога Елена си играла на делот од видиковецот кој немал ограда и тоа во моментот кога очите и ги заслепиле снегулките. Додека се обидувала да го избрише снегот од очите, девојчето изгубило рамнотежа и паднало.

„Мислам дека Бог не сакаше нашето девојче да го изгуби животот на Божиќ. Таквиот пад наредните илјада пати сосема е сигурно дека ќе биде фатален“, вели таткото на Елена.