Тригодишното девојче Карина Чикитова преживеала 11 дена во сибирска шума полна со диви мечки и волци. И тоа благодарение на своето куче, кое ја греело една седмица по што отишло до куќата како би довело помош. Девојчето јадело боровинки и пиело вода од реката. Иако шумата е опасно место, нејзини единствени повреди биле каснувања од комарци и гребнатинки на нозете. Имено, девојчето од својот дом во Јакутска, најголемата руска покраина, се упатило кон шумата со кучето следејќи го својот татко кој отишол во едно оддалечено село.

Таткото не забележал дека ќерката и кучето го следат, а тие во меѓувреме се изгубиле. Кога после четири дена мајката стапила во контакт со таткото, сватиле дека нивната ќерка се изгубила и пријавиле исчезнување. Потрагата со хеликоптер била отежната бидејќи Катарина своето засолниште го направила во високата трева. Кога кучето се вратило дома, спасителите тргнале во спасување со неговата помош и ја пронашле. Иако нејзините шанси за преживување биле минимални, успеала да преживее единствено благодарение на инстиктот на кучето.