Дванаесет годишно девојче паднало низ оџакот од 15ти кат во зграда на Менхетен и за чудо преживеало.

Девојчето си играло на кровот од зградата и во еден момент се качило на металните скали од кои пропаднало во оџакот.


Станарите ја пронашле 15 ката подолу, жива, а поминала само со исчашување на колкот, како што јавува телевизијата NY1. New York Times објавил дека ги скршила двете нозе.

„Беше целата исцрнета, но жива“, изјавил управителот на зградата.

Како што наведуваат њујоршките пожарникари, девојчето било спасено поради тоа што паднала над насобран гареж дебел повеќе од половина метро.