Стејси Бајвотер која има само 18 години во саботата освоила дел од џекпотот на британската лотарија во износ од околу 1,5 милиони долари. Таа е вработена во детска градинка и планира да и помогне на сестрата која останала без работа, како и на родителите конечно да купат сопствена куќа.


Открила дека нејзиниот татко сонувал некој од семејството да добие џекпот на лото. Не и се верува дека сонот се остварил. Таа има две сестри, а на постарата исто така ќе и купи куќа. Планира да продолжи да работи и покрај освоената премија.