Девојчето Неха Раму од Индија, кое има само 12 години, го одушевила светот со својата интелигенција. Имено, на IQ тестот имала 162 бода, што е повеќе отколку што имал Алберт Ајнштајн.

Неха, ќерка на индиски доктори, имала дури 162 бода на IQ тестот на Менса, што е најголем постигнат резултат на нејзина возраст.

Поради тоа резултатите се нашле помеѓу најинтелигентните луѓе во Велика Британија, кои чинат само 1 процент од популацијата. Како на пример IQ на Алберт Ајнштајн и Бил Гејтс е 160.
Девојчето од Индија во Велика Британија се преселило кога имала 7 години, а отсекогаш била одлична ученичка. Нејзиниот огромен потенцијал дошол до израз по уписниот тест за на училиште, на кој освоила максимален број поени.