Ели Дикон од Хертфордшир, Велика Британија, ги победила искусните фармери во натпреварот за орање. Со тракторот на нејзиниот татко тежок шест тони ги импресионирала судиите иако научила дa вози само четири дена пред натпреварот. За три часа изорала 5 квадратни километри земја со пет плугови.
Било фантастично и некои постари мажи останале шокирани кога го виделе девојчето како го вози тракторот и ги ора нивите. Тие и рекле дека победила поради женската уредност, бидејќи жените секогаш повеќе внимаваат на уредноста отколку мажите.