Четиринаесет годишната холанѓанка, која се надева дека ќе стане најмладиот човек кој го заобиколи светот, влегла денес со својот татко во едрилицата и го напуштила пристаништето во Амстердам. Лаура и нејзиниот татко се упатиле кон Португалија, од каде таа ќе го започне патот околу светот сосем сама.
Минатиот месец ја добила правната битка со холандските агенции за заштита на децата кои од страв за нејзината безбедност сакале да го спречат нејзиниот обид за подвиг. Изјавила дека е доволно искусна и дека најмногу ќе и недостига нејзиното куче.