Девојче од Индија има необично пореметување така што крвта и истекува од кожата, а притоа да не се исече или изгребе. Девојчето морало на трансфузија на крв откако капки крв почнале да и течат од очите, ушите, носот, челото, вратот и стапалата. Состојбата понекогаш е толку драматична што се буди целата во засушена крв.


Нејзините соселани веруваат дека е проклета и на улица гласно ја пцујат. Очајното семејство побарало помош од многубројни лекари, но нивните напори биле безуспешни.

До минатата година Твинке била обично девојче, но се се променило кога одеднаш почнала да крвари помеѓу 5 и 20 пати на ден.

„Не ме боли, но многу сум исплашена. Никој не сака со мене да се дружи“ – вели Твинке.