Една непозната Естонка родила девојче на брод од бродската компанија Талинк, на пловидба од Стокхолм до Талин. Мајката и девојчето се добро, изјавила портпаролката на бродската компанија.
Исто така рекла дека бебето на подарок ќе добие бесплатно патување со новиот брод Балтичка Кралица кој ќе започне да плови летово. Исто така и родителите ќе добиваат попуст при секое крстарење со нивната компанија.