Наташа Мораес де Андраде има коса долга 164 сантиметри. Оваа бразилка досега никогаш не се потстрижила. Косата и е само неколку сантиметри пократка од самата таа. Чешлањето, како што вели, за неа била многу напорна работа која секојдневно и одземала по еден час. Годишно на шампони троши 600 долари и тоа ја поттикнало да ја потстриже косата.
Рекла дека ја сакала својата долга коса и дека ќе биде тажна кога ќе остане без неа. Но, било тешко да се грижи за неа и не можела да прави многу од секојдневните работи, како и да го посетува часот по физичко воспитание.
На новинарите им рекла како се надева дека косата ќе ја продаде за 5000 долари и дека парите ќе ги искористи за да ја преуреди својата соба. Иако нејзината коса е необично долга, не е ниту близу до гинисовиот рекорд. Таа титула и припаѓа на Ксие Куиупинг од Кина, чија коса е долга дури 5,6 метри. Таа не се потстрижила од 1973 година кога имала само 13 години.