Кејтлин Торнли, 12-годишно девојче од тексашкото гратче Англетон, веќе повеќе од три седмици живее во незамисливи маки бидеји кива и до 12 илјади пати на ден. Со други зборови, таа просечно во минута кива 20 пати, поради што постојано чувствува силни болки во абдоменот, едвај јаде и се мачи кои се обидува да стои на нозе. Нејзините проблеми почнаа откако се вратила дома од часот по кларинет, па најпрво помислила дека станува збор за некаква алергија.
На нејзина жал, дури шест лекари потврдија дека нејзината медицинска состојба нема никаква врска со алергии или вируси, и засега какво такво објаснување понуди неврологот Меред Парнс. Кејтлин се смирува кога ќе се опушти, пример кога ќе ги слуша Битлси, а престанува да кива дури откако ќе го земе лекот Бенадрил и ќе заспие. Кејтлин, која престана да оди на училиште, вели дека посакува да може накратко да го напушти своето тело како би се одморила. Се обидува да остане позитивна и се надева дека наскоро ќе пронајдат лек.