Дванаесетгодишната американка Лорен Џонсон започнала да кива пред две седмици и сеуште не престанала. Таа најверојатно болува од ретка алергија поради која кива и до 16 пати во минута. Откако се опоравила од настинката продолжила да кива. Девојчето вели дека кива нонстоп и дека повеќе тоа не го ни забележува.


Не кива единствено кога спие. Иако не е заразна престанала да оди на училиште бидејќи пречела при предавањето на професорите. Мислењата за што станува збор се поделени. Некои мислат дека се работи за ретка алергија, а други дека станува збор за психосоматско пореметување. Од кога започнала до сега кивнала околу 200 илјади пати.