Едно единаесетгодишно девојче и нејзиното помало братче од Флорида се скарале за тоа кој ќе седи на фотелјата, а нивниот татко ја испратил ќерката во нејзината соба за да ја прекине кавгата. Седел во ходникот и внимавал девојчето да не побегне низ прозорецот.


Одеднаш долетал пиштол играчка и го погодил таткото по главата од која протекла крв. Не е познато кој повикал полиција, но девојчето било обвинето за семејно насилство и ќе биде сослушано пред суд за малолетници.