69% од средношколците играат игтри на среќа. Ова го покажуваат резултатите од анкетата спроведена на влизу 4000 средношколцио во осум градови во Македонија, што го спроведе дружението на социјални работници на град Скопје, во рамките на проектот “Не се клади со животот”, поддржан од програмата Цивика Мобилитас. а Најголемиот дел од нив започнале со играње игри на среќа на 14 години.
Интересен е податокот дека најголем процент од испитаниците од женски пол играат лото, а најголем број од машките испитаници се обложуваат во спортска обложувалница, потоа како избор на игра на среќа следуваат: играње на слот машини, казино и покер.
Најголем број од анкетираните ученици или 29% одговориле дека играат лото, а 25% се обложуваат во спортска обложувалница, 4 – 7% играат во казино, на слот машини и покер. Oд анализата за одбележување е податокот дека 19% од испитаните ученици во средните училишта играат игри на среќа помалку од еднаш месечно, а еднаков е процентот од 7% кои играат најмалку еднаш месечно и скоро секој ден. Податоците покажуваат дека 8% од испитаниците на средношколска возраст играат игри на среќа еднаш неделно.
87% од средношколските испитаници одговориле дека при играње игри на среќа не употребуваат алкохол, таблети, дрога или цигари, 6% одговориле дека тоа го прават понекогаш, а 4 % од испитаниците при играње игри на среќа често употребуваат цигари, алкохол, дрога или таблети.
Што се однесува на влијанието на врсничката група, во истражувањето 24% од испитаниците се изјасниле дека го чувствуваат влијанието на врсничката група во изборот дали да играат игри на среќа, што е значајно за спроведување на превентивните активности помеѓу младите за влијанието на врсничката група во болестите на зависност.
Од анкетираните средношколци, 74% се свесни се за ризикот од играње на игри на среќа, а 23% не знаат и не се свесни за последиците. 43% од испитаниците на возраст од 13 до 20 години се изјасниле дека нивните родители знаат за нивното играње игри на среќа, а 12% не се сигурни дали нивните родители знаат дека играат игри на среќа. Воедно, 25% од анкетираните ученици одговориле дека родителите би го одобриле нивното играње на игри на среќа, а 21% дека не знаат дали би го одобриле. Овие податоци упатуваат дека родителите не оставаат јасна порака кон децата за нивниот став за играњето игри на среќа.
Помеѓу средношколците, кај 14% од испитаните се забележува нов тренд на прославување на значаен момент со посета на казина и играње игри на среќа, а 14% одговориле дека практикуваат да трошат средства од својот дневен џепарлак што исто така претставува сериозен проблем за социјалниот живот на младите.
На прашањето: Дали играњето игри на среќа за средношколците претставува обид за бегство од досада? – 64% од испитаниците одговориле негативно, 21% одговориле дека играњето игри на среќа за нив е обид за бегство од досада, а 11% , “не знаат“.
OhridNews